Цените на пиците и питите во Европската унија во декември минатата година биле за 5,9 отсто повисоки во однос на истиот месец од 2022 година, објави Евростат.
Во претходниот период, од декември 2021 до декември 2022 година, цените на пиците и питите се зголемени за 15,9 отсто, од што произлегува дека и во оваа категорија се намалува инфлацијата.
Во текот на изминатата година, пиците и питите најмногу поскапеле во Унгарија, за 13,4 отсто, Луксембург за 11,3 отсто и Латвија за 10,6 отсто.
Холандија е единствената земја во Европската унија каде пиците и питите поевтинија за 0,9 отсто, а многу скромен пораст на цените е забележан во Данска за 0,6 отсто и Белгија за еден отсто.
Евростат ја објави оваа статистика по повод Светскиот ден на пицата, кој се одбележува на 9 февруари.