Министерот за труд и социјална политика откри дека покачувањето на пензиите од први март ќе биде пет проценти.
- “Добиени се сите податоци од статистика, веќе е направена пресметката. Јас тоа не би го кажал зголемување, бидејќи пет проценти колку што покажуваат бројките на условно кажано покачувањето на пензиите, што треба да бидат исплатени на 1-ви во петок. Така што, ова статистичко покачување од пет проценти е во моментов што пензионерите ќе го добијат како дополнување на нивните пензии“, посочи Велковски,
- “Направено е прекршување на самото усогласување кое што требало да започне претпоставувам многу порано не наеднаш кога се случија тие 78 проценти, така што некој којшто прави само ад хок решенија се случува тоа што се случи пред година дена од денеска. Сега е минорно што тие прават измена, односно го замрзнуваат делот на покачување на сегашните плати, така што ако се следат како решенија доаѓаме до една ситуација да бидат и сите граѓани незадоволни, а процентот на зголемување на платите на функционерите да биде на ниво како што беше и реакциите да бидат нормални од страна на граѓаните какви што беа“, изјави Велковски.