Врз основа на член 35 од Закон за административни службеници („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 142/16 и 11/18) и Уредбата за спроведување на постапката за вработување на административни службеници („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/18), а во врска со член 20-г од Закон за вработени во јавен сектор („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/14, 199/14, 27/16 и 35/18) и Правилникот за задолжителните елементи на јавниот оглас за пополнување на работно место во јавниот сектор преку вработување и пријавата за вработување, како и формата, содржината и начинот на водење на регистарот на лица кои дале лажни податоци при вработување во јавен сектор („Службен весник на Република Македонија” бр. 34/15), Агенцијата за администрација објавува
ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ – 32/2018
1. УПР 0101Г04000 Самостоен референт за преговори и интеграција, Одделение за преговори и интеграција во Европска унија, Сектор за Европска унија(1)
Општи услови
- - да е државјанин на Република Македонија,
- - активно да го користи македонскиот јазик,
- - да е полнолетен,
- - да има општа здравствена способност за работното место
- - со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
Посебни услови
- - ниво на квалификациите V А или ниво на квалификации IV според Македонската рамка на квалификации и стекнати 180 или 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или најмалку вишо или средно образование, гимназија или средно стручно образование:управен техничар
- - најмалку 3 (три) години работно искуство во струката
- - учење и развој
- - комуникација
- - остварување резултати
- - работење со други/тимска работа
- - ориентираност кон странките/засегнати страни и
- - финансиско управување
- - активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
- - активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски)
Распоред на работно време
- - Работни денови понеделник-петок
- - Работни часови неделно 40
- - Работно време од 07:30 до 15:30
- - Опис за работното време со почеток на работното време помеѓу 7:30 и 08:30 часот и завршеток на истото помеѓу 15:30 и 16:30 часот
Паричен нето износ на плата: 15.533,00 денари
НАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за2018 год. се : Македонец(ка) 1.
ЛИНК ЗА ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ И АПЛИЦИРАЊЕ