Дроновите се поприсутни на работните места и го менуваат начинот на кој се извршуваат работите, а исто така им овозможуваат на компаниите да штедат време, да ја зголемат безбедноста и да ги намалат трошоците. Новата идеја е да ги заменат луѓето што мијат прозорци на високи објекти.
Компанијата „Аеронес“ од Летонија произведе огромен дрон за миење прозорци, а негова задача е да ги замени луѓето во чистењето прозорци на високи објекти.
Компанијата „Аеронес“ првпат стана позната во 2017 година кога го искористи своето летало за спасување, а сега тврди дека нејзиниот дрон за миење прозорци може да работи 20 пати побрзо во споредба со традиционалните методи, а притоа работата е многу побезбедна.
Леталото е широко три метри, има 12 пропелери и е опремено со црева, сунѓери и камери. Со него далечински управува човек, кој го следи процесот на миење.
Дронот се напојува со помош на кабел, поврзан со батерија на земјата, а вода преку црева доаѓа од резервоар, кој исто така се наоѓа на земјата. Моменталниот дизајн му овозможува на дронот да достигне височина од 350 метри, но со натамошен развој таа височина може да се зголеми.
„Аеронес“ осмисли и сопствен стабилизациски систем за да може дронот да се носи со лошите временски услови.
Во случај дронот да доживее катастрофален дефект при летот, леталото кое е тешко 55 килограми нема да падне врз никого бидејќи со кабел е зацврстен за врвот на зградата.
Компанијата размислува и да им помогне на пожарникарите со поинаква верзија на дрон, а третата верзија, која е претставена претходно оваа година, може да се користи за проверка и чистење на големи ветерници.
извор: факултети.мк
Дронови ќе ги заменат перачите на прозорци
Актуелно
-
Големо откритие: Научниците открија нова крвна група
Истражувачите од Велика Британија и Израел опишаа нов систем на крвни групи кај луѓето, "MAL", и тоа 50 години откако во 1972 година беше откриено дека недостасува важен антиген во крвта на бремена жена.
-
Германија депортираше 36 македонци
Првиот чартер лет како дел од најновата офанзива за депортација на германската влада полета пред две недели за Авганистан. Вториот вчера од Хамбург до Белград и Скопје. Според весникот „Билд“, во него имало 36 лица, главно државјани на Србија и Косово, на кои им било одбиено правото на азил или поради некоја друга причина немаат право да останат во Германија. Меѓу нив има и осудени криминалци.
-
Колку се исплати правењето домашен ајвар?
Секоја есен, мирисот на печени пиперки и традиционалниот ајвар го означуваат почетокот на сезоната на зимница во македонските домови.
-
Пензионери чекаат ред за да берат јаболка – дневницата достигнува 2.200 денари
Во сезоната на берба, македонските овоштарници се соочуваат со нов тренд: зголемената ангажираност на пензионерите и берачите од Албанија во процесот на берење јаболка.
-
Жените им ја крадат ракијата на мажите
Србија ја направи првата ракија за жени
-
Секое следно лето ќе биде подолго и потопло од претходното
ГЛОБАЛНОТО ЗАТОПЛУВАЊЕ НОСИ ЕКСТРЕМНИ ВРЕМЕНСКИ УСЛОВИ