Менувањето на часовникот во Македонија се случува двапати годишно - последниот викенд во март се префрламе на летно сметање на времето, додека последниот викенд во октомври започнува зимското сметање на времето.
Преминувањето на летно сметање на времето ќе се изврши ноќта од сабота, 30 март, кон недела, 31 март, со поместување на часовникот од 02:00 до 03:00 часот.
Така, вечерва на 31 март во 2 часот по полноќ, часовниците се поместуваат еден час напред и започнува летното сметање на времето.
Ќе се вратиме на зимското сметање на 27 Октомври.