Нико Емануилидис е самопрогласен љубовен гуру од Њујорк кој кон крајот на 2023 година постави вирално прашање што предизвика жестока дебата меѓу милениумците и генерацијата З.
„Мажот секогаш треба да плаќа“
Нико, кој го следат повеќе од 245.000 луѓе на ТикТок, во видеото го објасни својот став за тоа кој треба да ја плати сметката по состанокот. „Многу модерни мажи мислат дека сметката треба да се подели. Не, мажот секогаш треба да ја плати сметката! Ако не може, тогаш не треба да оди на состанок“, рече тој.
„Мажот мора да се фокусира на работата и да заработи доволно за да си дозволи да изведе жена на состанок“, објасни 30-годишниот маж, додавајќи дека момчето треба да плати сè на почетокот, односно првите три или четири месеци, додека врската не стане стабилна.
„Плаќате за сè! Затоа извадете ја картичката и нема изговори“, рече тој, предизвикувајќи поделени реакции меѓу милениумците и генерацијата З.
Почестување или делење сметки?
„Тоа е одлично да се слушне. Многу витешки“, „Ако не можете да си дозволите вечера за двајца, не излегувајте“, и „Честитки! Тоа е машка енергија“, се дел од коментарите.
Сепак, оние кои се малку помлади мислат дека делењето на сметката е сосема ОК опција, а имаше и девојки на кои оваа опција не им се допадна.
„Зошто да не можам да платам? Често девојките плаќаат на секој втор состанок“, напишала една тиктокерка, а друга додал: „Имам проблем со овој став. Сакам да си го платам својот дел“.
Какво е вашето мислење?