Од Стопанската комора на Северозападна Македонија (СКСЗМ) велат дека Струга всушност има многу потенцијал за развој, но овој град е заобиколен во економскиот план на државата, пишува Порталб.мк
Зголемувањето на трошоците за живот, доминацијата на пазарот од гигантските компании и пред сè миграцијата на младите предизвикала затворање на многу мали бизниси во Струга, а оние кои продолжуваат да дејствуваат на пазарот велат дека се соочуваат со големи потешкотии. Во текот на 2023 година во Струга се затворени 154 бизниси. Кај младите има многу мал интерес за учење и развој на занаетите во овој град. СКСЗМ оценува дека РСМ е типичен пример како не треба да се градат основите за економски раст и развој, пишува Порталб.мк.
Регресот на економскиот развој се повеќе се продлабочува во малите градови низ државата. Причина за ова се низа фактори, но на листата предничи намалувањето на движењето како резултат на масовното заминување на граѓаните во западните земји. Струга е еден од градовите во Македонија чие население значително се намалило со текот на годините. Според пописот од 2002, во општина Струга имало над 63.000 жители, додека последниот попис покажал дека населението во оваа општина е значително намалено, и моментално во општина Струга живеат 50.980 жители. Оваа реалност се одразила и на опстанокот на многу бизниси во овој град, отежнувајќи го нивното функционирање, а во многу случаи го направило и невозможно.
Според податоците објавени на порталот „Пари”, во текот на 2023 година во градот Струга под клуч се ставени 154 бизниси.
Од друга страна во Струга се повеќе се намалува и бројот на занаетчии. Многу продавници и занаетчиски работилници се затвораат, а бројот на регистрирани занаетчии во Струга е околу 150-160.
Целиот текст прочитајте го на: meta.mk