Ако живеете во Германија и сакате да правите скара на вашиот балкон, мора да го следите новото правило доколку не сакате да платите казна.
Германските весници пишуваат дека најголемиот проблем со правење скара на јаглен. Имено, преголемото количество чад од скара на јаглен не само што може да предизвика непријатности за соседите туку на тој начин можете и да ги прекршите германските закони за заштита на околината.
Казните се движат и до 25 илјади евра
Ако приготвувањето скара предизвикува штета за животната средина поради премногу чад, може да бидат изречени казни кои се искачуваат до 25 илјади евра. Покрај тоа, ако го правите тоа прелесто, тоа може да доведе и до судски спорови.
Германските медиуми предупредуваат дека граѓаните би требале да повнимаваат да не предизвикаат сериозни проблеми и затоа најдобро би било да се придржуваат во важечите прописи.