Според последните податоци, разликата во платите помеѓу Македонија и Луксембург е шокантна.
Додека еден час работа во Луксембург се плаќа речиси 15 пати повеќе од она што го добиваат македонските работници, ситуацијата во нашата земја останува во најмала рака – критична!
Според официјалните податоци, најниската добивка за еден час работа во Македонија изнесува 128 денари.
Со последното зголемување на минималната плата, саатницата се зголеми, но и покрај тоа, разликата со Луксембург останува огромна.
Економистите се согласуваат дека оваа ситуација е неодржлива.
„За да ги задржиме квалификуваните кадри и да привлечеме нови, мораме да зголемиме платите. Во спротивно, ризикуваме да ги изгубиме најдобрите таленти. Македонија треба да преземе мерки за подобрување на платите и да ги стимулира инвестициите во земјата. Само така можеме да ја намалиме огромната разлика во платите”, коментираат експертите.
Според Европската статистичка служба (Евростат), минатата година просечната саатница во однос на 2022 година е зголемена за 5,3 отсто на ниво на ЕУ и за 4,8 отсто на ниво на еврозоната.
Платените часови се движат од 9,3 евра во Бугарија до 53,9 евра во Луксембург.
Податоците на Евростат се однесуваат на бруто износи, а што се однесува до Македонија, бруто-трошокот за еден час работа за просечен работник лани изнесувал 312 денари и е за 15,5 отсто поголем од 2022 година.
Освен Луксембург кој е неприкосновен на врвот, второто место на листата со највисоки саатници во Европа ѝ припаѓа на Данска (47 евра), а потоа следуваат Норвешка (41,7 евра), Исланд (39,5 евра), Белгија (36,3 евра), Ирска (33,3 евра), Холандија (33 евра), Германија (31,6 евра), Финска (30,5 евра), Австрија (30 евра), Франција (28,7 евра), Шведска (26,3 евра), Словенија (21,9 евра), Италија (21,5 евра) и Шпанија (18,2 евра).
Просекот на саатницата во Европската Унија изнесува 24 евра на час.