Утре владината комисија при Министерството за финансии за автоодговороност ќе одлучува за новата цена за осигурување на возилата.
Според неофицијални информации, поскапувањето за 15 % кое го донесе Нациналното биро по барање на осигурителните компаниии - комисијата при ресорното министерство ќе го поништи, со што се очекува да се врати старата цена .
Претходно реагираа и од Агенцијата за супервизија на осигурување од каде посочија дека зголемувањето на цената е неорпавдано.
Од Националното биро за осигурување пак велат дека цената на авто-осигурувањето е непроменета од 2008 година, и според нив, поскапувањето на осигурителните полиси е реално, поради како што велат – повисоките цени на автомобилите и резервните делови.