
На граничниот премин Богородица се гледа дека возила се упатиле кон соседна Грција. Според информациите на овој граничен премин за излез од Македонија се чека и по еден час.
Пред нас е продолжен пролетен викенд. Денеска во земјава е неработен ден за сите граѓани. Го одбележуваме 1-ви Мај, меѓународниот ден на трудот. Потоа следи Велики Петок, неработен ден и Велигден.
Од АМСМ утрово информираат дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.