
Јапонскиот меѓународен аеродром „Кансаи“ (КИКС) прославува 30 години работа без да изгуби ниту еден багаж, соопштија од аеродромот.
„Кансаи“ е рангиран како 18-ти најдобар аеродром во светот за оваа година, зад меѓународниот аеродром во Токио, Нарита која е на петтото место и Ханеда која е на четвртото место.
При изборот на најдобриот аеродром, се земаат предвид критериумите како што се пристигнувањето на багажот навреме, понудата на храна и пијалоци, процентот на навремени влезни и појдовни летови и чистота. Вработените во аеродромот изјавија дека не се чувствуваат како да прават нешто посебно, но дека се среќни што ја добиваат наградата.
Аеродромот „Кансаи“ е изграден на вештачки остров во заливот Осака и ги опслужува регионите Осака, Кјото и Кобе.