Се вратија пониските цени на полисите за осигурување. Владината одлука е објавена во Службен весник попладнето на 7 мај, а намалените цени осигурителните компании почнаа да ги применуваат од денеска.
Дали ќе ги вратат парите на граѓаните кои плаќаа поскапи полиси изминативе две недели – се уште немаат став. Дополнително ќе ги консултирале правниците, но неофицијлано велат дека нема ни начин, ни основ за враќање на парите.
Процесот би бил сложен, затоа што полисите се продавале прегу агенти, на кои им плаќаат од 20 до 40% од вредноста на полисата.
Но, ако некое осигурително друштво сака, може да им ги компензира парите во полисата за следната година. Сепак, конечен став Групацијата на осигурителни компании, најавија за следниве денови.
Од Асоцијацијата за супервизија на осигурувањето велат дека неделно во просек се регистрираат околу 10 илјади автомобили.
Останува нејасно дали осигурителните компании ќе ги враќаат парите на осигурениците кои во изминатите две недели ја платиле повисоката цена за 15,44 посто.
Според некои информации станува збор за повеќе од 10 илјади сопственици на моторни возила кои ги регистрирале возилата од 25 април до 7 мај.
Цената на полисата за задолжителното авто осигурување поскапе за возилата со моќност од над 44 киловати. Поскапувањето е од 840 до 1.600 денари.
Од Националното биро за осигурување (НБО) тогаш истакнаа дека поскапувањето на цената на полисата за задолжителното авто осигурување се должи на актуелните пазарни услови, или поконкретно: континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, порастот на цената на резервните делови, порастот на платите и постојаната инфлација.
На седницата на Владата од 2 мај беше донесена одлука цената на осигурување од автоодговорност да се врати на нивото од пред 25 април 2024 година.