Новата социјална мрежа наменета за помладата популација, „Nospace“, стартува во јуни оваа година.
Тие се нарекуваат себеси „најсоцијална мрежа“, бидејќи велат дека приоритет им е интеракцијата меѓу корисниците, наместо објавување на вирална содржина.
„Nospace“ е создадена од Тифани Жонг, која и самата е членка на генерацијата „Z“, а како што изјавија од компанијата за „Business Insider“, на листата на чекање веќе има 500.000 луѓе, па се чини дека ќе има добар почеток.
Наместо да се нагласува преку детално уредени објави, апликацијата ги охрабрува корисниците да ги споделат своите мисли додека доаѓаат кај нив, без разлика дали тоа е нешто што го јадат во моментов, игра што ја играат, книга што ја читаат или нешто друго.
Апликацијата првенствено се базира на текстуални објави, а има и опција корисниците да се префрлат на опцијата да ги гледаат само објавите на своите пријатели. Секој профил може да се уредува – може да се изберат бојата, позадината и фонтот на сметката, како и да се постават статусот на врската и интересите.
„Корисниците можат да бидат чудни или автентични колку што сакаат“, изјави Жонг за „Business Insider“.
„Целта на новата социјална мрежа е, би рекол, да им покаже на младите корисници како изгледало во времето кога „MySpace“ и „Facebook“ беа најпопуларните (и помалку или повеќе единствените) алатки за воспоставување врски и познанства преку Интернет“, вели Жонг.
„Се сеќавате колку интернетот беше забавен пред рекламите и алгоритмите? Ние го правиме тоа, и сакаме да го вратиме назад“, гласи описот на апликацијата на „App Store“.