Во Македонија во 2023 година имало над 14 милиони превезени патници со такси возилата. Оваа информација ја објави Државниот завод за статистика. Во исто време статистичарите забележале раст на бројот на патници кои го користат таксито како градски превоз, но лани сериозно е зголемен бројот на граѓани кои со такси услугите патуваат од еден до друг град. Такси возилата во 2023 година само во Македонија поминале речиси 53 милиони километри.
Информациите од најновиот извештај на Државниот завод за статистика покажува дека во 2023 година, со такси превезени се 14 341 000 патници, од кои 12 749 000 во градскиот превоз, а во меѓуградскиот превоз се превезени 1 592 000 патници. Со 1 556 патнички автомобили кои биле опфатени во истражувањето се изминати вкупно 55 793 000 километри, од кои 47 487 000 во градскиот превоз, додека во меѓуградскиот превоз се остварени 8 306 000 километри. Од Државниот завод за статистика велат дека податоците за такси-превозот се добиени од 227 извештајни единици.
Доколку направиме споредба со 2022 година, може да се забележи дека лани имало за дури 775 илјади патници повеќе. А зголемување има и кај градските и меѓуградските услуги на такси компаниите. 12 557 000 во градскиот превоз, а во меѓуградскиот превоз се превезени 1 009 000 патници. За 2022 година информациите велат дека со 1709 патнички автомобили опфатени во истражувањето се изминати вкупно 58 135 000 километри, од кои 52 044 000 во градскиот превоз, додека во меѓуградскиот превоз се остварени 6 091 000 километри.
Овие информации ги отфрлаат стереотипите дека такси услугите се луксуз за граѓаните во земјава. А, дополнителна потврда за тоа се и официјалните цени кои во споредба со цените од региониот и пошироко се на самото дно. Како на пример, старот на таксиметарот во Скопје е 60 денари, а првиот колометар околу 30 денари, во Белград за старт се плаќа околу 150 денари и 50 денари првиот километар. Во Сараево стартот чини 80 денари, а првиот километар е е околу 45 денари. Берлин и Рим имаат најскап старт во таксито, односно пет и четири и пол евра, а првиот километар го наплатуваат по цена од 2,5 и 1,5 евра.