Цената на бензините од ноќеска на полноќ ќе биде поевтина, додека на дизелот поскапува.
Цената на ЕУРОСУПЕР 95 се намалува за 0,5 денари, и од полноќ ќе се продава по малопродажна цена од 82,5 денари по литар. Цената на ЕУРОСУПЕР 98 ќе се продава поевтино за 1 денар, односно од утре ќе изнесува 84,5 денари по литар. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ поскапува за 0,5 денари, и ќе изнесува 73,5 денари по литар.
Екстра лесното масло за домаќинство поскапува за 0,5 денари, и ќе изнесува 73 денари, додека мазутот поевтинува за 0,2 денари, и од утре ќе се продава по 42,5 денари по килограм.