Анализата на порталот „Пари“ покажа дека во 2023 година речиси сите банки ги зголемиле вкупните трошоци за вработените иако дел од нив го намалиле вкупниот број на вработени, што значи дека ги зголемиле и нивните плати. Притоа во анализата од вкупно 12 банки не се вклучени само три – Шпаркасе, Прокредит и Халк банка затоа што се уште ги немаат објавено годишните финансиски извештаи.
Во такви услови, Комерцијална банка била најдарежлива. Вкупниот месечен бруто трошок по вработен во оваа банка лани изнесувал 111.098 денари и убедливо е највисок на ниво на банкарски сектор. Ревидираниот финансиски извештај за 2023 година на Комерцијална банка покажува вкупен трошок за 966 вработени од 1.287.845 илјади денари.
Во овој износ, што важи за сите банки, не влегуваат само бруто платите на вработените, туку и трошоци за награди, бонуси, отпремнини, приватно здравствено осигурување и други привилегии и надоместоци за вработените.
Следна банка што има најголем трошок за вработените е НЛБ банка, која има месечен трошок по вработен во износ од 103.885 денари. Вкупните трошоци за 951 вработени во оваа банка изнесуваат 1.185.537 илјади денари. Годишно секој вработен ја чини оваа банка 1.246.621 денар.
Под 100.000 денари е трошокот по вработен во Стопанска банка Скопје и месечно во 2023 година изнесувал 94.375 денари, а годишно бил 1.132.495 денари. Стопанска банка Скопје заклучно со 12.2023 година имала 940 вработени.
Согласно горе напишаното не е ни чудо што Комерцијална банка оваа година ја доби титуата Најпосакуван рботодавач во категоријата Банки, а пак НЛБ банка со истава титула се закити една година пртеходно?