Сите што патуваат во Грција ги интересираат износите на казните што би можеле да ги добијат доколку прекршат некој сообраќаен пропис.
Па така, за возење под дејство на алкохол казната изнесува од 78 до 1.200 евра, а за надминување на брзината во населено место до 20 километри на час се плаќа 100 евра. Ако случајно поминете на црвено светло на семафор и претекнете на полна линија, а ве фати полиција, подгответе 700 евра. Дури 350 евра ќе платите ако возите без појас, а во хаосот ако паркирате непрописно, ќе платите од 40 до 80 евра.
Ако одлучите да зборувате на телефон додека возите, ќе ве казнат со 100 евра, а ако пушите во возило во кое има деца помали од 12 години ќе платите 1.500 евра и ќе ви ја одземат возачката дозвола.
И таму, како и кај нас, постои правилото да ви се намали казната ако платите половина од неа во период од десет дена.
Високи казни и ако не ги возите децата во специјални седишта
Во согласност со европската регулатива, со која се усогласени грчките закони, посебни правила има и за превозот на деца.
Па така, деца пониски од 135 сантиметри и помлади од 12 години треба да седат во соодветно седиште или бустер. Според грчките закони, забрането е деца постари од три години и пониски од 150 сантиметри да се возат на предното седиште на возилото. За деца од 12 и повеќе години со висина од најмалку 135 сантиметри, пак, доволен е нормален безбедносен појас.
Ескивирање од плаќање на казните ќе биде неможно
Сепак има многу граѓани што мислат дека ако успеат да избегнат плаќање на казната, никогаш нема да треба да ја платат. Според еден од најпознатите балкански сајтови посветени на сите теми поврзани со Грција, „Никана.гр“, „Грците не можат да ви ја пратат казната на домашна адреса, но следниот пат кога ќе бидете во Грција, ако казната не е застарена и таа сè уште се наоѓа во системот, нема да ви ја простат, туку ќе морате да ја платите. Покрај тоа, во рамките на ЕУ постои регистар за сообраќајни прекршоци и голема е веројатноста дека казната ќе се наплат и кога ќе влезете во ЕУ, без разлика каде во ЕУ е направен прекршокот“, пишува на сајтот.