Магнезиумот е исклучително важен минерал во нашето тело, а тој е четвртиот најзастапен минерал во телото. Просечното човечко тело обично содржи околу 30-60 грама магнезиум во коските, забите, срцето, мозокот, па дури и крвта. Секоја клетка во вашето тело има потреба од овој минерал за да функционира правилно – магнезиумот е вклучен во над 300 метаболички процеси.
Овој минерал учествува во метаболизмот на протеините, мастите, јаглехидратите, нуклеинските киселини, активирањето на витамините Б и Д, во производството на енергија, во регулацијата на функциите на клеточните мембрани, активатор е на бројни ензими, придонесува за нормално функционирање на нервниот систем и нормална психолошка функција, важно е за здравјето на мускулите, одржување на васкуларниот тонус, крвниот притисок и нормалниот срцев ритам, ослободување од замор и исцрпеност, метаболизам на гликоза и инсулин.
Во модерниот и стресен живот, многу луѓе се соочуваат со недостаток на магнезиум, што може негативно да влијае на нивното здравје. Еве ги раните симптоми кои покажуваат дека вашето тело страда од недостаток на магнезиум: тикови, густа крв, грчеви во нозете, мигрена, анксиозност, лошо расположение, кардиоваскуларни болести, скокови на шеќерот во крвта, хроничен замор, остеопороза, несоница, проблеми со концентрацијата.
Недостатокот на магнезиум во телото може да биде поврзан со хронични болести како што се дијабетес тип 2 и метаболички синдром – и многу други. Кога на вашето тело му недостасува магнезиум, тој почнува да произведува повеќе инсулин – што пак овозможува дополнителна гликоза да влезе во вашите клетки, што може да доведе до воспалителни состојби во телото.
За да спречите недостаток на магнезиум, вклучете храна богата со овој минерал во вашата исхрана што е можно поскоро. Магнезиумот се наоѓа во храната како зелен лиснат зеленчук (спанаќ и кељ), како и риба, авокадо, темно чоколадо, леб од цели зрна, мешунки, јаткасти плодови и разни семиња.
Ако имате недостаток на магнезиум што може да се утврди со тест на крвта, вашиот лекар може да препорача и земање додатоци. Важно е да не се земаат суплементи без совет и рецепт на лекар.