Овен (21.03 – 20.04)
РАБОТА: Не сте задоволни со работата. Имате чувство дека сте презаситени, па само рутински ги обавувате задачите. Размислете да направите некаква промена.
ЉУБОВ: Оваа недела е поволна за љубов. Слободните ќе имаат прилика да запознаат некого, а зафатените ќе бидат во хармонија.
ЗДРАВЈЕ: Можна е појава на алергија.
Бик (21.04 – 21.05)
РАБОТА: Пред Вас стои поволна работна недела без оглед дали работите сами за себе или за некој друг. Ќе потигнете успех.
ЉУБОВ: И во љубовта ситуацијата може да биде поволна доколку не се инаетите со партнерот. Не се однесувајте како дете, седнете и разговарајте.
ЗДРАВЈЕ: Одлично.
Близнаци (22.05 – 22.06)
РАБОТА: Можеби ќе морате да заминете на краток деловен пат. Бидете подготвени на тоа. Од тоа патување ќе произлезе и вашето напредување.
ЉУБОВ: Слободните Близнаци ќе го запознаат потенцијалниот партнер. Зафатените би можеле да подготват убаво изненадување за саканото лице.
ЗДРАВЈЕ: Поминувајте повеќе време во природа, на чист воздух.
Рак (22.06 – 22.07)
РАБОТА: За да го постигнете она што сте го зацртале ќе морате прекувремено да останувате на работа, а бидејќи за напредокот ви претстои награда, направете го тоа.
ЉУБОВ: Внесете нова доза на романтика во вашата врска. Не се преоптеретувајте само со финансиите, дозволете си нешто слатко заедно со партнерот.
ЗДРАВЈЕ: Можна е мала настинка.
Лав (23.07 – 22.08)
РАБОТА: Работата оваа недела ќе биде под контрола, нема да имате зголемен број на обврски, па лесно ќе ги завршувате работните денови.
ЉУБОВ: Оваа недела ќе бидете особено шармантни и друштвени, па така ќе привлечете голем број на додворувачи.
ЗДРАВЈЕ: Можна е постојана главоболка.
Девица (23.08 – 22.09)
РАБОТА: Пред вас е успешна работна недела. Можен е некој јавен настап или пофалба како и награда за вашиот труд.
ЉУБОВ: Кога станува збор за љубовта, ситуацијата генерално е поволна. Некои ситници кои ќе предизвикаат кавга, лесно ќе ги надминете.
ЗДРАВЈЕ: Можна е вирусна инфекција.
Вага (23.09 – 22.10)
РАБОТА: Во последниот период бевте многу вредни и буквално предадени на работата. Тој труд конечно ќе ви се исплати.
ЉУБОВ: Се ќе биде стабилно кај зафатените. Оние кои се слободни ќе запознаат личност која вистински ќе допре до нив.
ЗДРАВЈЕ: Одлично се чувствувате.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
РАБОТА: Оваа недела нема да бидат забележани промени на работен план. Вие вредни како и секогаш ќе ги извршите сите зададени задачи.
ЉУБОВ: Слободните треба паметно да ја искористат оваа недела и да се поврзат со личноста која одамна им се допаѓа. Оние во врска или брак ќе имаат стабилна недела.
ЗДРАВЈЕ: Без проблеми, сепак внимавајте на исхраната.
Стрелец (22.11 – 21.12)
РАБОТА: На вас ќе ви бидат неопходни пари. Поради тоа ќе бидете под голем стрес. Нема потреба од грижи, разговарајте со партнерот за вашата финансиска ситуација.
ЉУБОВ: Оние кои се во брак или врска ќе имаат стабилна и плодна недела. Оние кои се сами ќе имаат неколку шанси, дали ќе ги искористат ќе зависи исклучиво од нив.
ЗДРАВЈЕ: Обрнете внимание на дигестивниот тракт
Јарец (22.12 – 20.01)
РАБОТА: Малку понапорна работна недела, затоа не седете и не размислувајте, туку фатете се за работа.
ЉУБОВ: Слободните ќе имаат шанса да запознаат многу привлечно лице, оние во врска или брак ќе имаат мали кавги.
ЗДРАВЈЕ: Можни се проблеми со коските.
Водолија (21.01 – 19.02)
РАБОТА: Ќе ги оптоварувате вашите колеги со небитни нешта. Немојте да досадувате, некои проблеми треба да ги решите сами.
ЉУБОВ: Слободните ќе уживаат во излегувањата и дружбите со многу луѓе, оние во врска или брак ќе направат се за нивниот партнер да биде среќен.
ЗДРАВЈЕ: Посетете стоматолог.
Риби (20.02 – 20.03)
РАБОТА: Рибите можат да очекуваат значителен паричен приход. Искористете ги тие пари за нешто паметно.
ЉУБОВ: Можно е да ви пријде некоја личност од работното место, бидете внимателни пред да одлучите дали да стапите во врска. Зафатените постојано ќе се надитруваат со партнерот.
ЗДРАВЈЕ: Можни се проблеми со грбот.
извор: denar.mk