Во првите 4 месеци од годинава најмногу се бараат лица во секторот продажба, при тоа не се мисли само на продавачи во продавници, туку продавачи на било какви услуги. Се бараат и асистенти, но и менаџери на продажба. До овој податок доаѓаме преку анализата на огласените работни места на сајтот Вработување.ком.
Втори по најбарани професии се келнерите и готвачите, а третата позиција ја заземаат административните професии од работа како офис менаџер, па се до асистенти на директори и сл.
Интересен податок во однос на анализата на двете претходни и оваа 2024 година е дека во однос на 2022 година речиси дупло е паднат бројот на побарувања во ИТ секторот, но за тоа па секторот финансии посебно барањата за сметководители од 2022 во ова 2024 година е постојан пораст.
На компаниите тешко им е да најдат и добри менаџери за своите дејности, па така бројот на огласите за барање на менаџери оваа година во однос на 2022 во истиот период е за 30% поголем.
Потребата од лица кои ќе работатаво секторот складирање односно да бидат магационери е во постојан раст од 2023 година.
Падот во побарувањата е за лица во секторот маркетинг и медиуми додека пак дупло побарани во однос на 2022 се лицата кои имаат познавање во машинство или се машински инженери.
Во секторот производство барањата се стандардни - од година во година расте потребата за возачи и доставувачи додека пад во однос на 2022 година се гледа во секторот човечки ресурси.
Погледнете ја целата табела на статистиките по години за првите 4 месеци: