Милијардерот и технолошки иноватор Илон Маск предвидува иднина во која мобилните телефони ќе бидат надминати.
На прашањето на платформата „Х“ кое гласи: „Дали би инсталирал интерфејс на „Neuralink“ во твојот мозок кој ќе ти дозволи да го контролираш твојот нов Х телефон со мислите?“, Маск одговорил: „Во иднина нема да има повеќе телефони, само ‘Neuralinks’“.
„Neuralink“ е една од компаниите на Маск, која се занимава со развој на чипови/импланти за мозок. Компанијата веќе започна со тестирање на мозочни импланти на луѓе и не планира да застане.
Објавата на милијардерот е одговор на фотографијата генерирана со вештачка интелигенција на која Маск држи телефон додека на челото му е исцртан дизајн на невронска мрежа.
Во текот на јануари, тој објави дека првата личност која добила мозочен имплант „Neuralink“ е 29-годишниот Ноланд Арбо.
Неодамна, Маск објави на „X“ дека „Neuralink“ прифаќа пријави за втор учесник, кој ќе добие имплант наречен „Telepathy“ (телепатија).