Контроверзниот закон наиде на голем број негативни коментари
Со новиот закон значитело се зголемува бројот на прекувремени работни часови што работодавачите можат да ги побараат од своите вработени. Законот вчера беше усвоен со 130 гласа "за", 52 "против" и еден воздржан.
Според него, максималниот број на дозволени прекувремени работни часови ќе се зголеми од 250 на 400 годишно.
Противниците на законот посочуваат дека оваа одлука е резултат на притисокот на германските производители на автомобили поради недостатокот на работна сила во земјата.
Премиерот Виктор Обран изрази големо задоволство од усвојувањето на законот велејќи дека станува збор за важен и добар закон.
Владата е на страна на работниците, истакнал Орбан и притоа додал дека измената на законот ќе им користи на сите оние кои ќе сакаат да го зголемат својот приход.