Централниот регистар на Република Македонија објавува:
ЈАВЕН ОГЛАС
Централен регистар на Република Македонија има потреба од засновање на работен однос на неопределено време, со 1 (еден) извршител, на следното работно место со повторна објава и тоа:
1 (еден) извршител со завршено образование Правни, Економски науки или Наука за книжевноста со најмалку со најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен стручна подготовка и најмалку една година работно искуство во струката, на работно место Стручен соработник за планирање, развој и меѓународна соработка и основна плата 36.956, 00 денари;
Кандидатот коj ќе се пријави на Јавниот оглас, треба да ги исполнува општите услови:
да е државјанин на Република Македонија;
активно да го користи македонскиот јазик;
да е полнолетен;
да има општа здравствена способност за работното место и со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
Работниот однос се заснова со полно работно време, со неделно редовно работно време од 40 часа (5 пет работни дена во неделата)
Дневното работно време трае 8 часа и започнува во 8, 00 часот a завршува во 16, 00 часот.
Во прилог на пријавата кандидатите треба да ги достават следните документи (копии);
Пријава со кратка биографија (CV);
Уверение за државјанство;
Копија од лична карта;
Доказ за општа здравствена способност за работното место (Лекарско уверение);
Доказ дека со правосилна судска пресуда не му е изречена прекршочна санкција, односно казна забрана за вршење на професија, дејност или должност;
Уверение (Диплома) за завршено образование;
Потврда за активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;
Потврда за активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на
Европската унија (англиски, француски, германски);
Доказ за потребното работно искуство (се докажува со Потврда од АВРМ или Фонд за ПИОМ) и институцијата во која работел кандидатот.
Заинтересираните кандидати, пријавата заедно со доказите за исполнување на условите по овој Оглас можат да ги достават во рок од 5 (пет) работни дена од денот на објавувањето на огласот, непосредно до архивата на Централниот регистар на Република Македонија, бул. Кузман Јосифовски Питу број 1 или по пошта.
Телефон за контакт 3 288 147, лице за контакт Катерина Филиповски.
Централниот регистар на Република Македонија изборот ќе го изврши во рок до 45 (четириесет и пет) дена по истекот на рокот за пријавување, a доколку има повеќе од 200 пријавени изборот ќе се изврши согласно законски утврдените рокови.
Некомплетните и ненавремено поднесените пријави нема да се разгледуваат.
Централен регистар на Република Македонија Скопје