ЗАСИЛЕНИ ЕКО-КОНТРОЛИ ЗА УБЛАЖУВАЊЕ НА ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД ЗАГАДУВАЊЕТО
Најголемите производствени капацитети, пред сè во Скопскиот Регион, први ќе бидат на удар на државните инспектори за животна средина, од каде што најавија засилени контроли на квалитетот на воздухот во пресрет на претстојните есенски и зимски месеци.
Министерот за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, и директорката на Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС), Ивана Гиновска, најавија дека работни тимови на терен ќе вршат увид во работењето на овие индустриски капацитети, односно дали работат тие согласно со издадените интегрирани еколошки дозволи.
Државниот инспекторат за животна средина веќе има планирано редовни инспекциски надзори кај субјектите со А интегрирана еколошка дозвола.
Целиот текст прочитајте го на: vecer.press