Дуњата се бере кога плодовите се на одредено ново на зрелост, што не може секогаш лесно да се одреди.
Постојат две нивоа на зрелост – физиолошка или ботаничка и целосна или конзумна зрелост. Кога е оптималното време на берба зависи од намената на плодовите, дали ќе се користат за консумирање или за преработка, вели Данко Петровиќ, дипл. инж. за овоштарството и лозарството од Србија, пишува Добро јутро. Времето на берба директно влијае на квалитетот на плодот, а исто така и на заработката на овоштарот, но важно е и на кој начин се бере дуњата. Неправилната берба може да го намали родот следната година.
Физиолошката или ботаничката зрелост на плодовите на дуњата може да се одреди на неколку начини. Притоа, обично се зема бројот на денови од целосното цветање до престанување на растот, односно до бербата. Потребни се 120 до 150 дена за да се развие плодот. Дека е време за берба во физиолошка зрелост укажуваат два сигурни показатели: плодовите лесно се одвојуваат од гранките и се жолти.
Плодовите на дуњата, наменети за преработка, се берат во конзумно-технолошка зрелост. Тие се целосно, односно технолошки зрели кога добиваат најдобар вкус и мирис, како и карактеристичната боја на покожицата, која е карактеристична за одредена сорта.
За уште посигурно да се одреди оваа зрелост, најчесто се користи оптички мерен инструмент, рефрактометар. Овој уред се користи за одредување на содржината на шеќер во овошјето, а може да се користи практично за сите видови овошје. Содржината на шеќер е прикажана во единици брих. Еден брих е еднаков на 1 процент шеќер. Со ова мерење, производителот е сигурен дека финалниот производ ќе биде со висок квалитет.