Светот има чудни казни кои многу би ве изненадиле. Ако ви останале неколку трошки од вашиот сендвич на плоштадот Свети Марко во Венеција, на пример, не ги давајте на гулабите.
Хранењето на гулабите е забрането низ Венеција и може да бидете казнети.
Забраната беше воведена во 2008 година за да се намали популацијата на птиците и да се намалат штетите што тие ги предизвикуваат на историските споменици.
Одење во тоалет во Швајцарија
Пиењето вода навечер е лоша идеја ако сте во Швајцарија бидејќи не би сакале да одите во тоалет потоа.
Причината е што има вечерно време за испирање на тоалетот – до 22 часот. Потоа се забранува бидејќи се смета за звучно загадување.
Ви снемува бензин во Германија
Снемувањето гориво е секогаш стресно. Но, ако тоа ви се случи додека сте на автопат во Германија, празен резервоар ќе ви биде најмал проблем.
Тоа е затоа што е нелегално во земјата да останете без бензин на автопатот, и додека веројатно нема да бидете затворени, може да добиете голема парична казна за застанување без добра причина.
Гуми за џвакање во Сингапур
Во Сингапур ќе треба да смислите нов начин да го одржувате здивот свеж, бидејќи таму е нелегално да се увезува и носи гума за џвакање.
Законот е воведен за да се одржи неверојатната чистота, и очигледно функционира затоа што нема да видите ниту една гума за џвакање на тротоарите во Сингапур.