Истражувањето спроведено во пет града од внатрешноста покажало дека во зимските месеци аерозагадувањето најмногу е предизвикано од согорувањето на дрва што се користат како огрев, а во летно време, од сообраќајот. Ова истражување е дел од проектот справување со аерозагадувањето во пет општини во внатрешноста на државата: Струмица, Струга, Куманово, Кавадарци и Гостивар.
Идентификувани се главните извори на загадувањето и дефинирано е учеството на поединечните извори во тоа вкупно аерозагадување.
– Идентификувавме шест главни фактори, а тоа се: согорувањето на биомаса или дрва, минералната прашина (поврзана со градежништво и ресуспензија на прашина од улиците, еолската ерозија од ветарот), сообраќајот, специфичен извор е оган на отворање и согорување на отпад којшто го забележуваме насекаде во државата, согорување на нафта и мазут којшто најчесто се користи за затоплување на јавните институции – појасни професорот Дејан Мираковски.
Убедливо најголемо учество има согорувањето на дрва, околу 30 отсто, во зимските месеци, а во летните – сообраќајот. Тој појасни дека Струга нормално е во летните месеци да покажува зголемено аерозагадување од сообраќај, со оглед на тоа што е туристичко место, а сите опфатени градови се во внатрешноста, каде голем процент од затоплувањето на домовите доаѓа од согорување дрва.
– Карактеристичен е изворот на загадување од согорување на отпад на отворено, тука се вклучува согорувањето на отпад од земјоделски производи, а тоа се јавува во текот на пролетните и летните месеци, како и во есенскиот период – додава тој.
Целата вест прочитајте ја на vecer.press