Заради реализација на инвестициони зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија, некои места денеска ќе бидат зафатени од планираните исклучувања од струја.
Планирани исклучувања ќе има во:
Волково - дел од корисниците во Волково од пругата во Ново Село до кружен тек во Волково, од 8:30 до 12 часот.
Гази Баба - ул. Ташко Караџа, објектите блиску СУГС ,,Панче Арсовски, поликлиника Железара, од 11:20 до 14 часот.
Карпош - Дел од потрошувачите од ул. Осло, од 10:30 до 12:30 часот.
Горно Соње – дел од с. Горно Соње (кај црквата), од 9 до 11 часот.
Зелениково – дел од с. Зелениково (кај општината), од 11:30 до 14:30 часот.
Орешани - дел од с.Орешани (кај Бујото и кон Вардар), од 9 до 11 часот.
Гази Баба - ул. 16-та Македонска Бригада, ул Трифун Хаџијанев, од 8:30 до 11:10 часот.