„Гугл“ продолжува со развојот на новата верзија на својот оперативен систем „Андроид“ додека се чека официјалното објавување на „Андроид 15“. Според последните гласини, наредниот „Андроид“ ќе носи кодното име „Баклава“, познатото слатко јадење присутно во различни кујни, вклучувајќи турска, македонска, босанска и грчка.
„Андроид 15“ го доби кодното име „В.И.Ц“, што е кратенка за „Vanila ice-cream“ (Сладолед од ванила).
Во рамките на компанијата, новата верзија, која сѐ уште е неофицијално именувана како „Андроид даблју“ (Android W), би можела да биде објавена следната година. Овие промени укажуваат на новиот пристап на „Гугл“ кон развојот на својот оперативен систем, при што кодовите на називите ќе станат посложени и ќе ја одразуваат годината на објавување.
Според информации, кодовите за надградбите во 2025 година ќе започнуваат со буквата „б“, но овие промени сè уште не се официјално потврдени. Останува да видиме како ќе се развиваат работите во иднина.
Извор: sitel.com.mk