Аеродромот Дунедин во Нов Зеланд предизвика дебата ширум светот со нов знак кој ги ограничува прегратките во зоната за поаѓање на три минути, а истовремено им наложува на патниците да го користат паркингот за „посрдечно збогување“.
Директорот на аеродромот, Даниел Де Боно, говорејќи на оваа тема за новозеландското радио „РНЗ“, рече дека аеродромите се опишани како „жаришта на емоции“ и посочи на студија која сугерира дека прегратката од 20 секунди е доволна за да предизвика експлозија на „хормонот на љубов“ окситоцин, и дека побрзиот проток на патници и оние кои ги испраќаат им овозможува на повеќе луѓе да добијат повеќе прегратки.
Паркингот на аеродромот Данедин, каде што Де Боно призна дека персоналот „видел како се случуват интересни работи... со текот на годините“, дозволува бесплатна 15-минутна посета на заминување, а секое задржување подолго од тоа додатно се наплаќа.
Извор: „Евроњуз Србија“