Анализирано според намената на кредитите одобрени на физичките лица, во септември, кај најзастапените категории ̶ потрошувачките и станбените кредити е забележан месечен раст од 0,6% и 1,0%, соодветно, при годишно зголемување од 6,7% и 11,0%, соодветно.
Во септември, Македонија забележа значителен годишен раст на вкупните депозити од 8,8%, што е главно резултат на зголемените депозити во секторот домаќинства, соопшти Народната банка. Вкупните кредити исто така бележат раст од 7,5% на годишна основа, со малку поизразен придонес од домаќинствата.
Меѓутоа, паричната маса падна за 1,2% на месечна основа, најмногу поради намалените краткорочни депозити и депозитни пари, додека на годишна основа паричната маса се зголеми за 6,7%.
На месечна основа, вкупните депозити забележаа пад од 0,4%, предизвикан од намалувањето на депозитите на корпоративниот сектор. Сепак, депозитите на домаќинствата се зголемија за 0,1%.
Кредитите на домаќинствата растат за 0,8% на месечна основа и 7,7% на годишна. Во септември, потрошувачките и станбените кредити покажаа позитивни трендови, додека кредитите од кредитни картички бележат пад.
Анализирано според намената на кредитите одобрени на физичките лица, во септември, кај најзастапените категории ̶ потрошувачките и станбените кредити е забележан месечен раст од 0,6% и 1,0%, соодветно, при годишно зголемување од 6,7% и 11,0%, соодветно. Овој месец, автомобилските кредити се намалени за 0,6% на месечно ниво, додека на годишно ниво се зголемени за 13,5%. Кредитите одобрени на кредитни картички, во септември забележаа месечен и годишен пад од 0,8% и 9,0%, соодветно. Во септември, негативните салда на тековните сметки и кредитите одобрени врз други основи остварија
месечно зголемување од 4,6% и 0,7%, соодветно, додека на годишна основа забележаа намалување од 1,9% и 17,5%
Целата вест прочитајте ја на: „МИА.мк“