Граѓаните од денеска за неколку секунди до максимум минута или две ќе може да вадат имотни листови преку новиот портал „е-услуги“ на Агенцијата за катастар на недвижности.
Порталот https://e-uslugi.katastar.gov.mk/ овозможува брз електронски пристап до вкупно 94 различни катастарски услуги, но и покрај неговото активирање, досегашната веб страница https://ossp.katastar.gov.mk/OSSP/ останува во функција до 31 декември 2024 година.
По 1 јануари 2025-та, корисниците ќе имаат пристап до услугите на Катастарот исклучиво преку новиот портал.
Извор: nezavisen.mk