Граѓаните да бидат внимателни кога купуваат на интернет. Веднаш да пријават измами за да можат институциите да интервенираат. Нашите потрошувачи немаат навика да плаќаат со платежни картички, сè уште кешот е доминантен платежен метод. Во Скопје се одржува седмата регионална конференција за е-трговија…
Над 50 отсто од нашите потрошувачи купуваат онлајн и тоа најчесто облека, електронски уреди и производи за домаќинствата. Имаат различни искуства околу испораката на производите. Но, неретко се случува да нарачаат едно да им стигне друго, а притоа да не им биде заменето како што им ветиле.
Нашите потрошувачи немаат навика да плаќаат со платежни картички, сè уште кешот е доминантен платежен метод. Ова се должи на дигиталните вештини и довербата – велат од Агенцијата за е-трговија.
Надлежните со апел-да се пријави секоја манипулација при електронското тргување.
650 милиони евра се потрошиле мината година за онлајн купување во земјава. Србија предничи во регионот по електронско купување. Споредено со Европејците, Црногорците повеќе нарачуваат храна од нив, а потрошувачите од Косово електронски уреди.