Федерацијата Босна и Херцеговина воведува фискални реформи, кои ќе ја зголемат минималната плата на над 600 евра, речиси двојно повеќе од сегашната.
Со новиот сет закони, работодавачите ќе бидат ослободени од дел од придонесите, со што се очекува позитивно влијание врз економијата и врз намалувањето на црниот пазар. Минималната плата во Федерацијата БиХ во моментов е 619 марки, односно околу 310 евра.
Покрај минималната плата од 1.200 марки, се планира и закон за фискализација, кој ќе воведе централен систем за контрола на финансиските трансакции, насочен кон спречување на даночното затајување и заштита на работниците со пониски приходи.