Кина, еден од светските лидери во градежната индустрија, сега може да се пофали со првиот автопат изграден речиси без човечки работници.
Кон крајот на септември беше демонстрирана нова технологија на автономно асфалтирање на делот од автопатот што ги поврзува Пекинг, Хонгконг и Макао, долг околу 160 километри, на досега најголемата пробна површина во светот.
При реконструкцијата, коловозот беше проширен на 19,25 метри и 4 коловозни ленти. За поставување и рамнење на асфалтот беа употребени десет автономни возила, големи градежни машини. Сите овие машини минуваа дел од автопатот автономно, водени од паметни алгоритми и системи за позиционирање, прецизни до сантиметар.
Со тоа се постигна оптимално растојание помеѓу возилата, во согласност со барањата на технолошкиот процес за поставување асфалт, како и идеален притисок при асфалтирање, така што квалитетот на завршната површина беше совршен.
Ваквиот начин на асфалтирање овозможи првпат широк автопат да се асфалтира наеднаш, со што се обезбеди и порамна и подобра површина на коловозот. Исто така, се нагласува дека прецизноста на валјаците била толку голема, што по првото поминување не било потребно да се користат помали градежни возила за рамнење на рабовите - сите овие работи биле направени наеднаш, а асфалтот бил поставен во рамномерна линија.
Од фотографиите може да се види дека работниците биле на терен и го контролирале работењето на машините.