„Не е направен технички преглед на седумте ски-лифтови и жичници, на вработените им доцнат две плати, отворањето на хотелот „Славија“ е под знак на прашање, а за хотелот „Попова Шапка“ е одлучено да не работи, пишува порталот СакамДаКажам.
Пред десетина дена бил назначен нов управител на Ски-центарот, кој вели дека се преземаат активности за санирање на состојбата, со цел оваа зимска сезона да започне на време, но условите за тоа биле исклучително тешки.
„Сега нашите вработени работат на отстранување на дефектите на ски-лифтовите за да може да им се издаде технички прием. Поправивме два ски-лифта, продолжуваме со поправки и на останатите, но со оваа работа многу доцниме бидејќи сето ова требаше да биде завршено пред два-три месеци….“, изјави Абдулгани Алији, раководител на Друштвото за туризам, угостителство, рекреација и спорт Ски-центарот „Попова Шапка“.