Околу 22.000 луѓе протестираа во Барселона, барајќи пониски цени за изнајмување и подобри услови за домување. Домувањето стана главен проблем во Шпанија, која се бори да го балансира туризмот, клучен двигател на нејзината економија и високите цени за изнајмување поради гентрификацијата и одлуката на сопствениците да се префрлат на попрофитабилни, краткорочни изнајмувања.
Цената на киријата во вториот квартал од 2024 година во Барселона била речиси 70 отсто повисока отколку во истиот период од 2014 година, покажуваат податоците на Каталонската агенција за домување. „Половина плата трошиме на кирија. Ова мора да престане“, рече Карме (28), портпаролка на синдикатот на станари.
Помали демонстрации се одржаа низ Каталонија и во Бургос на северот на земјата и Херез де ла Фронтера на југ.
Владата најави дека ќе стави крај на краткорочните и сезонските изнајмувања во јули и ќе ги следи огласите на платформите како Airbnb и Booking.com за да утврди дали сопствениците имаат дозволи.
Годинава протести се одржаа и во Мадрид, Канарските Острови и Малага, каде сезонските работници во угостителството не можат да најдат сместување, а многумина спијат во камп приколки, па дури и во своите автомобили.