![Дали и колку ќе поскапи струјата, се одлучува денеска!](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/a6/18a2a16a-resize-820x0x100.jpg)
Регулаторна комисија за енергетика утре ќе ги соопшти одлуките поврзани со цената на преносниот и дистрибутивен систем за електрична енергија (МЕПСО, Електродистрибуција, МЕМО).
АД ЕСМ на последниот тендер на ЕВН ХОУМ понуди цена од 62 евра за мегават-часови којашто е за две евра повисока од досегашната цена што АД ЕСМ му ја продаваше на универзалниот снабдувач.
Оваа цена има најголемо влијание врз цената на струјата што граѓаните ќе ја плаќаат од 1 јануари.