Во време кога животните трошоци постојано растат, прашањето за достоинствени плати во Македонија станува сè поактуелно. Колку навистина треба да изнесува платата за еден работник да има квалитетен и достоинствен живот?
На оваа тема, неодамна спроведовме анкета на нашата веб-страница поставувајќи го прашањето: „Од 500 до 2000 евра: Колкава треба да биде платата во Македонија за да се смета за достоинствена?“ Понудените опции беа следните:
- Од 500 до 1000 евра
- Од 1000 до 1500 евра
- Од 1500 до 2000 евра
- Над 2000 евра
Во текстот што следува, ги анализираме резултатите од анкетата, кои даваат увид во тоа што македонските граѓани го сметаат за доволен месечен приход за стабилен и квалитетен живот.
Во анкетата учествуваа 3407 испитаници, а еве ги резултатите:
1. Најмал процент или 10% од испитаниците, сметаат дека достоинствена плата во Македонија би била во ранг од 500 до 1000 евра. Овој износ го гледаат како неопходен минимум за покривање на основните животни трошоци и одржување на пристоен животен стандард. Овoj податок јасно покажува дека очекувањата за достоинствени примања се сè уште далеку од просечните плати во земјата, што укажува на потребата од зголемено внимание кон ова прашање.
„За да осети дека е во можност да ги исполни сите трошоци и да си приушти барем живот без стрес“,
„Доволно за скромен живот, за луксуз нема.“
2. Нешто повеќе или 11% од испитаниците сметаат дека достоинствена плата во Македонија треба да надминува 2000 евра. Ова укажува на високите очекувања на граѓаните, особено во контекст на растечките трошоци за живот и потребата од повисок стандард.
„Со тековните трошоци за живот, особено за храна, сметки и образование, платата под 2000 евра веќе не е доволна за пристоен живот. Сè поскапува, а платите стагнираат. Време е да се преземат конкретни чекори за да се подобри животниот стандард.“, вели еден од испитаниците.
3. 25% или 863 испитаници, одговориле дека достоинствената плата во Македонија треба да се движи помеѓу 1500 и 2000 евра. Според нив, овој износ е неопходен за обезбедување стабилност и пристоен животен стандард. Ова укажува дека граѓаните очекуваат примања кои ќе им овозможат не само да ги покријат основните трошоци, туку и да имаат финансиска сигурност и можност за штедење. За многумина, платите во овој опсег се гледаат како предуслов за подобар квалитет на живот и поголема економска независност.
На ова следат коментари од типот:
„Сo 1000 евра минималец, па можеби и младите ќе ни останат овде. Достоинствена плата и тоа само ако двајцата работат, со сегашниве цени сам никако не можеш да постигнеш ни сметки ни основни потреби.“
„За средно нормален живот, со некоја евтина варијанта за летен одмор и по некое викенд излегување.“
„Доволно за комфорен живот (3 до 4-члено семејство со 2-ца вработени).“
„Прифатлива сума што не би заминал од државата.“
„Високите животни трошоци не дозволуват помала плата.“
„Помали не смее да бидат во никој случај. 4 члено семејство не може да живее со 22 илјади минималец нити пак со 500 евра. Само за сметки 200 евра и кусур а каде е јадење ? Сè е скапо.“
„Сè е покачено, треба и платите да бидат високи за да имаш да ги платиш сметките, да купиш квалитетна храна, да излезеш некогаш во ресторан или на спортски натпревари, или во театар, кино, на концерт, или пак на базен. Летно време, да одиш на одмор, да имаш исполнет живот, а не само работа дома затоа што немаш пари да прошеташ.“
„Спрема трошоците, би се изедначиле разликите на плата и трошоци, младите нема да ја напуштаат државата и би се чувствувале посреќни и со помалку стресови во и така тешкото сивило во оваа држава...“
Од податоците кои ги имаме, најголемиот процент на испитаници гласаа дека за платите во Македонија да се сметаат за достоинствени, треба да бидат во опсегот од 1000 до 1500 евра. Овие резултати јасно укажуваат на потребата за подобрување на платите во земјата за да се осигури поголем животен стандард.
Во овој контекст, платформата MojaPlata.mk продолжува да биде важен извор на информации, кој им овозможува на работниците да ги споредат платите во различни сектори и да имаат поголема ориентација во нивните кариери и преговорите за плати.