Ниските утрински температури и високи дневни температури, како и сончево време без услови за снег, ќе го одбележат почетокот на 2025 година. Јануари ќе помине во знакот на стабилно и сончево време.
Во првата седмица од месецот, времето ќе биде стабилно и сончево. Утринските температури ќе се спуштат до минус три степени, а дневните температури ќе се искачат и до десеттиот степен.
Слично време, без услови за снег, се очекува да продолжи низ целиот месец. На крајот на месецот се очекува облачно време, но без врнежи од снег.
Првиот снег, како што предвидуваат метеоролозите, се очекува во февруари, кога ќе следуваат пониски утрински температури.