
Светскиот магазин за патување и туризам Travel And Tour World ја вброи Македонија во земјите што треба да се посетат во 2025 година. На листата се наоѓаат и турската ривиера, Тајланд и Јапонија.
„Април ги поканува сите што бараат потценета европска дестинација да ја посетат Северна Македонија. Позната по своите езера, национални паркови и античка архитектура, оваа земја станува сè попопуларна. Скопје, нејзиниот главен град, изобилува со историја, додека Охридското езеро, кое е под заштита на УНЕСКО, нуди живописна убавина и можности за пливање, пловење и кајакарење. Северна Македонија исто е место за одличен одмор, со евтини сместувања кои започнуваат од само 25 фунти по ноќ. Одличнното време од 18-22°C овозможува пријатно истражување, правејќи ја идеална пролетна дестинација.“, стои во објавата на порталот.