
Ер Србија од 11 јануари годинава ќе започне директни летови на релацијата Белград-Шангај, кои ќе се одвиваат два пати неделно, најави компанијата.
Летовите од Белград до Шангај во зимската, како и во летната сезона која започнува на 30 март, ќе бидат во вторник и сабота, а во спротивна насока – во среда и недела.
Ер Србија на 30 септември минатата година воспостави редовна авионска линија помеѓу Белград и Гуангџоу, што беше втора дестинација на оваа компанија во Кина, покрај Тјенџин до кој лета од декември 2022 година.