British Antarctic Survey (BAS) бара работници за истражувачки станици на Антарктикот. Британското Антарктичко истражување (БАС) моментално бара луѓе кои ќе работат на своите истражувачки станици, нудејќи различни позиции, од механичари и електричари до морски биолози и експерти за нуркање. Минималната годишна плата е 29.273 британски фунти (околу 35.000 евра), а работата доаѓа со бројни поволности.
На вработените во БАН им се обезбедува платено сместување и храна, специјализирана облека и обувки за работа, како и дополнителни средства за лични трошоци. Договорот вклучува и здравствено осигурување и 30 дена годишен одмор.
Единствениот предизвик? Треба да се преселите на Антарктикот.
Животот на Антарктикот
Националниот институт за поларни истражувања на Обединетото Кралство бара работници од различни профили за своите станици на овој екстремен континент, кој го опкружува Јужниот пол на Земјата.
Животот на Антарктикот не е лесен – тоа е едно од најстудените и најекстремните места на планетата. Просечните температури во текот на зимата во внатрешноста се движат од -40 до -68 степени Целзиусови, додека долж брегот се околу -18 Целзиусови степени.
Летата се многу потопли, а температурите се приближуваат до нула.
Антарктикот е домаќин на силни ветрови и речиси целосно отсуство на комерцијална индустрија и постојани човечки населби. Единствените населби на овој континент се научноистражувачките станици, пишува punkufer.hr.
За повеќе информации за моментално достапните работни места, посетете ја официјалната веб-страница на British Antarctic Survey.