Иселувањето на младите мозоци во странство не се должи само на ниските примања, разликата во платите е само еден фактор-високо образованите луѓе бегаат од Македонија во прв ред поради коруптивното однесување,односно поради политичката корупција, цени академската фела. Без оглед на високата плата која ја земаат надвор од границите на Македонија, животот во западните земји е скап, а режиските трошоци високи,но младите притиснати, од немајкаде ја напуштаат државава.
Македонскиот работник е најслабо платен. Иако просечните примања изминативе години постојано растат, сепак, во споредба со регионот остануваме на дното на листата. Статистиката пресмета дека просечната плата во ноември изнесува скоро 42,000 денари или 683 евра, објави Сител. Подобро од нас заработуваат во Босна – 732 евра, Србија 842, Црна Гора 993, Хрватска 1366 и Словенија – 1514 евра. Токму ниските примања се една од причините за одлив на работата сила.
Програмерите остануваат на врвот на листата најплатени работоци. Месечно во просек земаат по 1.560 евра. Од оваа индустија велат дека покрај платата, за да се задржат квалитетните кадри, потребно е менаџментот да вложува многу повеќе.
Сепак, порастот на просечната плата го крева зголемениот минималец и покачувањата во јавниот сектор. Во приватниот велат – за да делиме повисоки плати, мора да расте продуктивноста на работниците.
Во март следува уште едно зголемување на минималната плата. Законски треба да порасне за 1,800 денари, но ако се договорат Сидникатот со работодавачите можно е да скокне за 7,5 илјади денари. Од друга страна, секој месец се зголемуваат и трошоците за живот. Ќе успеее ли растот на платите да ги задржи работниците дома или среќата и понатаму ќе си ја бараат во странство.