Обвинет за исцрпување на животот од живописните градови преку поттикнување на поплава од туристи, AirBnb се обидува да направи измени преку нов проект во јужниот дел на Италија.
Најпознатата платформа за сместување сака да ангажира четири лица да се преселат во селото Гротоле во регионот на Базиликата за тримесечен одмор.
Од нив ќе се очекува да станат дел од заедницата и да помогнат да заживее животот во селото, бидејќи како и многу други места во Италија, особено на југот, Гротоле страда од хронична депопулација. Официјалните податоци покажуваат дека во селото има 300 жители и 600 куќи кои стојат празни.
На кандидатите кои ќе бидат избрани ќе им бидат покриени патните трошоци до и од Гротоле и ќе добијат AirBnb купон за сместување од страна на компанијата. Еден од апартманите каде кандидатите ќе бидат сместени може да го видите тука, но четворицата избрани кандидати нема да бидат сместени на исто место.
Дополнително, тие ќе треба да соработуваат со напрофитната организација Wonder Grottole за да внесат нова енергија во заедницата, да го научат јазикот, да готват и да им помагаат на жителите во земјоделските работи.
Што е потребно за да се пријавите?
- Мора да имате над 18 години.
- Мора да се преселите во Гротоле на три месеци, во периодот од јуни до август 2019 година.
- Мора добро да го познавате англискиот јазик и да бидете отворени за учење на нов јазик. Познавањето на италијанскиот јазик е предност.
Ако овие критериуми се нешто што не ви претставува проблем, тогаш можете да се пријавите на следниот линк.