![Лебот во Македонија поскапел за 65%, земјава се најде трето место во Европа по раст на цената](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/13/f8d51d31-resize-820x0x100.jpg)
Според податоците на Еуростат, цената на лебот во европските земји значително пораснала во последните пет години.
На првото место по поскапување на лебот е Унгарија, каде лебот поскапел за дури 113%. После нејзе следува Полска со раст од 75%, а на третото место е Македонија каде е забележан раст на лебот од 65%.
Меѓу земјите со најголем раст на цената на лебот е Словачка (62%), Романија (55%), а потоа балтичките земји.
Во соседните земји, во Грција имало поскапување од 33%, Албанија 30%, Косово 45%, Бугарија 54%. Србија има раст на лебот од 39% во последните пет години.
Извор: mk.tv21.tv