
Стечајниот управител на Монтенегро ерлајнс, Милан Радуловиќ, објави нова продажба на имотот на поранешната национална авиокомпанија, вреден 1,94 милиони евра. Меѓу другото, на продажба е и последниот авион Фокер за 23.900 евра.
Таа цена е за десет илјади евра пониска од онаа во ноември 2024 година.
Понудите може да се поднесуваат до 24 февруари, а ќе бидат отворени три дена подоцна во Стопанскиот суд.
Нив можат да ги поднесат фирми и граѓани од земјава и странство кои уплаќаат депозит – десет отсто од цената на имотот за кој се заинтересирани.
Извор: 4news.mk