Три денови полни со инспирација, динамични работилници и безброј можности за поврзување со истомисленици во областа на лидерството и човечките ресурси ве очекуваат на HR Days конференцијата.
Ова не е типична бизнис конференција каде што само седите и слушате предавања – ова е искуство кое ги подигнува вашите вештини и енергија на ново ниво, со доза на забава и релаксација!
Во атмосферата на прекрасниот хотел Lone во Ровињ, од 6 до 8 мај, учесниците ќе имаат можност да учат од водечки експерти, да учествуваат во интерактивни работилници и да уживаат во компанијата на најдобрите. Но, она што ја издвојува оваа конференција од другите е тоа што нема скриени трошоци, бидејќи ова е all-inclusive конференција – сè што ви е потребно за врвно искуство веќе е вклучено во цената!
Што значи all-inclusive конференција?
За разлика од многу други конференции, HR Days конференцијата нема скриени трошоци. Ние се грижиме за сè што ви е потребно, а вашата задача е да уживате во три дена полни со инспирација, без стрес и без потреба од дополнителни трошоци.
Кога ви велиме дека нема да имате грижи и дека ние размислуваме за сè, навистина тоа и го правиме, бидејќи котизацијата за 13. HR Days конференцијата ги покрива:
- Инспиративни предавања и работилници – Без разлика дали ни се приклучувате во живо во Ровињ, во хотел Lone, или онлајн, ве очекуваат богати содржини, инспиративни предавања и практични работилници кои можете веднаш да ги примените. Оваа година подготовивме серија на интересни предавања од реномирани странски предавачи кои ќе ги донесат најновите трендови и конкретни решенија во областа на HR и лидерство.
- Интерактивни активности – Од првиот ден на конференцијата ќе имате можност за брзо поврзување со колегите преку внимателно осмислени интерактивни активности. Нема да биде само вообичаен бизнис разговор – имате можност да се запознаете со нови луѓе на нов начин.
- Гурмански буфет ручеци – Квалитетна храна и пријатно друштво ќе ги направат паузите меѓу работилниците и предавањата продуктивни и инспиративни.
- Пауза за кафе и закуски – Кафето не е само напивка, тоа е ритуал! Ние ќе се погрижиме за вашите паузи со врвно кафе и лесни залчиња, совршени за размена на искуства и идеи.
- Ексклузивен коктел и вечерен забавен настап – Вториот ден од конференцијата ќе ви донесе незаборавен коктел и забава! Опуштена атмосфера, добра музика и прекрасно друштво за размена на искуства и изградба на нови деловни пријателства.
И секако, најважно: Од вас се очекува само да се појавите, а ние ќе се погрижиме за сè друго!
Обезбедете го своето место по поволна цена со раната котизација до 9. март!
Откријте што значи вистинска all-inclusive HR конференција и придружете ни се од 6 до 8 мај во хотел Lone во Ровињ!