
И покрај тоа што се наоѓаат на самиот север на европскиот континент, и иако нивните ноќи можат да траат подолго од нивните денови и иако добар дел од годината го поминуваат на температури под нулата, Финците честопати биле прогласени за најсреќен народ во светот, а во продолжение 11 причини зошто е тоа така.
Финците поминуваат многу време во природа
Околу 70 отсто од територијата на земјата е покриена со шуми, што е можеби причината зошто Финците уживаат да поминуваат време во природа. Окружени со шуми и природа, тие се чувствуваат мирно, а некои од најпопуларните активности се долгите прошетки и возењето велосипед.
Богатството на води
Финска се нарекува и „земја на илјада езера“. Овие езера се резултат на глацијацијата која завршила пред 10.000 години. Водата во финските езера е чиста и здрава, така што Финците пијат вода од чешма (додека огромен дел од светот е принуден да пие флаширана вода), а речиси секој ресторан ќе ви понуди бесплатна вода во бокал, дури иако не побарате.
Пари за деца
Финските родители добиваат по 100 евра месечно за секое дете, а интересно е што овој „детски додаток“ важи додека детето да наполни седумнаесет години. Некои луѓе ги трошат тие пари, но повеќето родители ги оставаат на страна и им ги даваат на децата кога ќе се иселат од семејниот дом. Па така, не е тешко да се разбере како огромно мнозинство млади Финци веќе имаат околу 20.000 евра на нивната штедна книшка …
Најдобрата пица во светот
Целата приказна започнала со поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони, кој во една прилика, среде морето од гафови по кои беше познат, успеа да изјави дека не е љубител на финската храна и дека таа не може да се спореди со италијанската храна. Последица? Три години подоцна, Финска успеала да победи на натпревар за правење пица, оставајќи ја зад себе токму Италија, а победничката пица ја нарекле – Берлускони.
Кралеви на рециклирањето
Финците одамна сфатиле дека рециклирањето е неопходност, а повеќе од 90% од отпадот се рециклира. Девет од десет пластични шишиња можат да се рециклираат, а процентот е уште поголем кај стаклените шишиња.
Доверба во полицијата
Граѓаните на Финска навистина ѝ веруваат на полицијата. Довербата е над 90%, а на високо ниво е и довербата во останатите државни институции.
Невообичаени спортови
Ваквите активности тешко е да се вбројат во спортови, но не е лесно ниту да се сместат во некоја друга категорија. Фрлање мобилни телефони во далечина, носење жени, фаќање комарци, свирење воздушна гитара, сето тоа горе-долу Финците го наследиле и го негуваат.
Право на интернет
Пред десет години, Финска стана првата земја во светот која го прогласи правото на интернет за основно човеково право. Владата тогаш им наложила на давателите на услуги дека брзината на интернетот мора да биде најголема можна и дека тој мора да биде достапен за секого.
„Луди по кафе“
Според податоците на Меѓународната организација за кафе, Финците се втори во светот по потрошувачка на кафе по глава на жител.
Бесплатно образование
Од мали нозе, децата се фокусирани на учење јазици, така што во Финска повеќето жители совршено зборуваат англиски. Образованието во училиштата, како и на универзитетите е бесплатно, а финскиот образовен систем е еден од најдобрите во светот.
Селото на Дедо Мраз
Едно мало село во Лапонија наречено „Joulupukki“ може да се посети преку цела година, а финскиот Дедо Мраз има дури и пасош, од кој дознаваме дека е оженет и роден „некогаш одамна“. Според ова финските граѓани очигледно „веруваат“ во бајки, па можеби затоа на многумина Финци животот им е бајка.